Мастер систем

Мастер систем

Кодкиј Технолоџис ДОО има специајализиран софтвер кој прави MASTER KEY системи од прав и обратен ред. Преку него се гарантира следење на секое ниво од системот со можност за повторување на база единствен код. Дигиталното програмно кодирање успешно се применува на сите видови на секрети.

Проектирање на Мастер систем

УПРАВУВАЊЕ НА ДВИЖЕЊЕТО НА ЛУГЕ
Анализирање на објектот и идентификување на сите простории во зградата. При проектирање на Мастер системот се цели да се намали бројот на клучевите користени от секој вработен. За олеснување може да се користи покажаната бланко форма. Важно е да се определи точната димензија на цилиндрите кои се неопходни за соодветните врати како и нивниот вид (цилиндер, полуцилиндер, цилиндер со ракофатка и т.н.).
Следната особина која треба да се земе предвид е бројот на луге кои ќе го користат системот. Важно е да се одбележи дека треба да се додадат освен вработените и луѓе надвор од организацијата, ако има вакви (градинари, сервисни работници и т.н.)
Овде треба да се определи хиерархијата на пристап во организацијата, секој вработен да отвора просторија за која има пристап и да не ги отвора оние за кои нема пристап.

ЗАШТИТА

Заклучувачките системи со марка CODKEY се произведени по европски стандарди за квалитет и потврдена технологија; сертифицирани се од чешката лабораторија во град Брно. Цилиндрите на Codkey Technologies се осигурени со ID карти; клуч дупликат за даден Мастер систем се изработува по нарачка во оддел Набавки Codkey Теchnologies Ltd.

КОНТРОЛА НА ПРИСТАП

Управуването на пристапот е важен сегмент од современата работна средина и со Мастер системот може да го управувате движењето на лугето во зградата, секој вработен да има ниво на пристап адаптирано со неговите потреби и права.

ТЕХНОЛОГИЧНОСТ

Кодираните заклучувачки елементи може да бидат вградени во различни видови системи за заклучување према потребите и неопходноста на задачата. Наменети се за монтажа во мебели, шкафови, блиндирани врати, катанци, опрема и сл.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Мастер системот е систем кој е со можност да се адаптира кон различни видови решенија. Со еден клуч можете да отворите влезната врата на домот и канцеларијата, други простории, поштенска кутија и т.н.

УДОБНОСТ

Еден клуч заменува неколку десетици. Со овој клуч се олеснува комуникацијата во внатрешноста на објектот и се отстранува потребата од чување на резервна копија. При губење на клучот може да го нарачате истиот клуч само по Вашата ID карта.

БЕЗБЕДНОСТ

Секој Мастер систем содржи Мастер клуч (еден или неколку) и Ви дозволува да имате брз пристап до врати и простории во зградата при вонредни ситуации (пожар, земјотрес или каква и да е потреба од евакуација).

ЦЕНА

Дали сте се замислиле некогаш колку клуча користат Вашите вработени и колку често има потреба од нивната замена?/p>

Решението: МАСТЕР СИТЕМ

Видове системи

ВИДОВИ НА СИСТЕМИ

Систем на општ клуч - дозволува на сите корисници на системот со   еден  клуч да ги отвораат  сите врати. Соодветен е за куќи, мали семејни фирми, викендици. Системот успешно се применува и од  компании за обезбедување во   комбинација  со патент брава со   два цилиндри. Едниот цилиндер е кодиран во Мастер систем на влезот, а другиот - во Мастер систем на фирмата за обезбедување, чиј што вработени отвораат само со еден клуч за пристап.
Предност: Вие имате само еден клуч за целиот објект. При евентуален пожар,земјотрес, поплава и сл. може да се реагира и да се спаси човечки живот!

Систем на централен цилиндер

Систем на централен цилиндер овој систем заради конфигурацијата е соодветен за згради и деловни простории каде што определен број независни корисници користат заеднички простории како влез и гаражи. По желба е можно да се додаде клуч за одржување на заедничките делови, како потстаници, клима инсталации и др.

Предност: Секој закупец, сопственик има само еден клуч!

 

Систем на главен ключ

Систем на главен ключ Овој систем се состои од неограничен број единечни корисници кои ја отвораат нивната просторија, и од главен клуч кој ги отвора сите простории во системот. Ваква комбинација дозволува интеграција на системот во различни јавни објекти (училишта, поликлиники, магацини, базени, спортски објекти и т.н.).

Голем Мастер систем

Голем Мастер систем ова е систем кој се прилагодува кон организационите потреби и дозволува на корисниците да влегуваат во различни простории со еден клуч во опсегот на нивните обврски. Типични корисници на овој систем се индустриски објекти, аеродроми, болници, универзитети, хотели, административни згради.

Назад