ЦИЛИНДЕР ДВОСТРАН СО ММЕ

За сите видови вкопани основни и дополнителни брави за цилиндер. Сигурна и беспрекорна работа со висок степен на заштита и сигурност. Микро магнетниот елемент (ММЕ) во цилиндерот ја зголемува сигурноста на секретот.

Цилиндерот се состои од тело на кое што неподвижно се закрепени надворешен корпус и внатрешен прстен. Во прстенот е монтиран внатрешен ротор, кој лежи слободно во палецот или запчаникот на цилиндерот.   Кодираноста  е  базирана на комбинациja од 15 куглички кои се распоредени во три оски по должината на цилиндерот и по гвинтова линија према оската на вртење на внатрешниот ротор.

Во роторот   и прстенот се продупчени степенести отвори во кои се монтираат комбинации од кодирачки и  дополнителни штифтови и пружини кои го овозможуваат  притискањето на кугличките кон оската на цилиндерот.

Клучевите се изработени од  никелово-бакарна легура и се дигитално- програмно кодирани.

Микро магнетниот елемент вграден на некоја од 15 позиции во роторот работи во насока спротивна на кодирачките пинови т.е. под услов во цилиндерот да нема клуч дополнителните куглички притиснати од пружините навлегуваат во внатрешниот ротор, а челичната кугличка на микромагнетниот елемент под дејството на еластичен елемент застанува во внатрешниот прстен.

Клучот  има вграден неодимиумски магнет кој во комбинација со кодираните дупчиња го ослободува внатрешниот ротор од прстенот и дозволува вртење и работа на палецот или запчаникот.

Назад