Партнери

ABB

ABB

АББ располага во Бугарија со централен офис во Софија, како и со офиси и подружници на пет локации. Производствените бази на АББ во земјата се наоѓаат во гр. Петрич - за производи низок напон, во гр. Севлиево - за производи висок напон и во гр. Раковски - за производи низок и среден напон. Компанијата располага со сервисен центар за турбокомпресори во гр. Варна и има над 2 100 вработени во Бугарија.
Работи преку три основни дела. Енергетски мрежи (Power Grids), Производи за електроснабдување и електроопремување (Electrification Products) и Автоматизација и дискретни процеси (Discrete Automation and Motion) АББ Бугарија успешно зема учество во проекти за националниот енергетски систем. Бизнис партнери на АББ се големи бугарски компании во енергетскиот бизнис: НЕК, Е-ОН, ЧЕЗ, ЕНЕЛ, ЕВН, како и други важни компании во бугарската индустрија.

CEZ GROUP

CEZ GROUP

CЧЕЗ Груп е на бугарскиот енергетски пазар од крајот на 2004 г., кога компанијата доби мнозински дел (67%) од трите електродистрибутивни друшества во Западна Бугарија Електроразпределение Столично АД. Електроразпределение София Област АД и Електроразпределение Плевен АД, кои подоцна се собраа во едно друштво. ЧЕЗ Разпределение Бугарија АД. Во октомври, 2006 г. компанијата го прошири своето присуство и во областа на производството на електроенергија купувајќи 100% од капиталот на ТЕЦ Варна ЕАД.

ENERGO-PRO

ENERGO-PRO

ЕНЕРГО-ПРО е приватно друштво за електродистрибуција и електроснабдување и производител на енергија од обновливи енергетски извори. Компанијата има 18-годишно искуство во енергетиката и развива бизнис во пет земји: Чешка, Бугарија, Турција, Грузија и Ерменија.
Oд јуни 2012 г. ЕНЕРГО-ПРО ја презема дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија на Североисточна Бугарија.
Основната цел на компанијата е да го подигне нивото и да ја подобри сигурноста на мрежата со помошта на професионални и ефективни инвестиции во рехабилитација и модернизација.

 

EVN

EVN

Групацијата EVN Бугарија е создадена после приватизацијата на енергетски друштва во почетокот на 2005 г. и на почетокот опфаќа бизнис активности во областа на дистрибуцијата и продажбата на електрична енергија во Југоисточна Бугарија. Од декември 2007 г. EVN Бугарија е активна во областа на топлификацијата во Пловдив, а наскоро потоа и во трговијата со енергија и квоти за емитување на слободниот пазар во регионот. Од 2009 г. групацијата почнува да реализира проекти и во областа на обновливата енергија.

BAUHAUS

BAUHAUS

BAUHAUS се претставува како Специалистот за Работилницата, Домот и Градината и нуди полн асортиман на едно место. Од самиот почеток во 1960-а година BAUHAUS нуди голема разновидност за специјализирана трговија, дополнето од компетентно консултирање, клиентски ориентирано опслужување и добри цени. Со овој концепт BAUHAUS добива широк одек и одобрување меѓу клиентите. Многу одамна ланецот припаѓа кон водечките во Европа.

 

Homemax

Homemax

Баумакс Бугарија ЕООД е дел од најголемиот австриски ланец продавници од типот Направи сам, со претставништва во осум земји од Централна и Источна Европа. Во Бугарија е од крајот на 2006 година при што трговскиот почеток е со отворањето на првата продавница во Пловдив во пролетта на 2008 година. Истата пролет се отвора и продавница во Стара Загора. Во следните пет години отвораат врати уште шест продавници во градовите Бургас, Плевен, Русе, Варна и две во Софија. Во есента на 2014 сопственоста се менува и веќе е целосно бугарска. Од пролетта на 2015г., продавниците bauMax функционираат на бугарскиот пазар под ново трговско име HomeMax. Ланецот нуди голема разновидност на производи - повеќе од 70 000, поделени во неколку категории: градежништво, внатрешно уредување, техника/алати, се за градината и др. Богатиот асортиман се надополнува со следниве дополнителни услуги: тонирање на бои, сечење на дрво, шиење на текстил, гаранција за враќање, безготовинско плаќање, кредитирање, транспортни услуги, топло изолација и надворешна изолација, услуги за водовод и канализација и електро услуги, поставување на плочки, глетување, молерисување и др.

Praktiker

Praktiker

Практикер е ланец хипермаркети за домот и градината, создаден во Германија. На бугарскиот пазар влегува во 2004 г. и за кратко време се рангира меѓу водечките ланци, што го разработуваат овој сектор во земјата. За 10 години Практикер гради 9 хипермаркети два во Софија и по еден во Пловдив, Варна, Бургас, Русе, Стара Загора, Плевен и Велико Трново. Во 2014 година бугарската компанија Видеолукс Холдинг, сопственик на ланец на продавници за бела, црна, офис техника и IT Технополис, го стекнува целиот бизнис на Практикер за Бугарија. Плановите за развој на ланецот вклучуваат обновување и модернизирање на сите хипермаркети Практикер и избор на подобри локации за некои от нив.

Dorma

Dorma

DORMA Бугарија е на бугарскиот пазар повеќе от 15г. Фирмата е специајализирана во областа на производството и монтажата на автоматски лизгачки врати, звучноизолирачки преградни ѕидови, системи за сигурност и контрола на пристап, техника за врати (аксесоари за врати, горни и подни автомати - затворачи), системи за стаклени фасади и оков за стакло. DORMA Бугарија е водечка во подрегион Балкан, кој што вклучува над 10 држави. Фирмата располага со сопствен објект во гр. Софија, в кој се сместени канцеларии, магацини, производствен дел и изложбен салон. Во последните години DORMA Бугарија се проширува и во моментов во фирмата работат близу 90 вработени.