За компанијата
Кодкиј Технолоџис ДОО е бугарска фирма која што е специјализирана за производство и трговија на системи за заклучување, градежен оков и оков за мебел, механичко обработување на детаљи. Основана е во 2004г. при кое што прима и доразработува веќе етаблирано производство на основата на лиценца „Шелдвајс” - Швајцарија. Производите се обновуваат и прошируваат постојано како одговор на барањата на пазарот. Производството се остварува во фабрика Кодкиј Технолодџис Стара Загора.
Производствената база е модерна, со високотехнолошки машински парк и квалификуван персонал. Во инженерските активности и во управувањето се применуваат најновите информатички технологии. Производството е со целосно завршен циклус од влезот на суровините и материјалите до крајниот производ.
Кодкиј Технолоџис ДОО располага со пресов погон, автоматска програмна преса, автоматска станица за обработување на струг, универзална и специјализирана опрема за обработување на метали преку одземање, специјализирани машини за кодирање, погон за заварување, линии за монтирање, лабораторија за испитување, погон за полимерно покривање и прашкасто фарбање. Оваа технолошка опрема и висококвалификуваните специјалисти нудат можност да се исполнуваат големи серии во даден рок, да се прават дополнителни услуги - изработување детаљи на автоматски стругови, програмирани стругови, на преси, прашкасто фарбање, специфични нарачки и др.
Технологии
CODKEY TECHNOLOGIES го претставува револуционерно новиот заклучувачки механизам кој е создаден да ја задоволи потребата од висока степен на сигурност во колку што е можно најмали габаритни размери и тежина. Системот е наменет да го фиксира палецот на Автоматскиот осигурувач во положба "Исклучено", при што на овој начин се сопира напојувањето со електрична енергија на електро инсталацијата во зградата.
Сертификати и признанија
Кодкиј Tехнолоџис ДОО нуди на специјалистите и корисниците брави со висок квалитет кои се произведени по европски стандарди во согласност со барањата на ISO 9001:2008. Екипа од професионалци со помошта на модерен софтвер и совршена опрема при користењето на висококвалитетни материјали со докажано потекло и параметри конструираат и произведуваат гама брави кои ги задоволуваат сите потреби на градежништвото и домакинствата.
Мисија и цели
Кодкиј Текнолоџис ДОО е надежен и коректен партнер со стабилни позиции како на внатрешниот така и на надворешниот пазар. Набавувач е на ланец продавници Практикер и Хоуммакс. Производите на фирмата достигнуваат до потрошувачите во над 50 земји Германија, Чешка, Србија, Македонија, Романија, Данска и т.н.