Брава 2002 двострана греда
Примена
Како дополнителна брава за влезни врати. Бравата е наменета да го фиксира во две точки крилото на вратата кон ѕидот и на овој начин да го претвори домот во тврдина. Конструирана е за работа во агресивни услови и висок ризик од криминал. Исклучително сигурна конструкција која е направена од висококвалитетни галванизирани материјали, наменета да работи беспрекорно дури и по долг период на некористење. Соодветна за магацински простории, гаражи, викендици и изолирани (одвоени) простории.Цилиндерот е со запчаник кој овозможува непречено функционирање при заклучување и отклучување. Кодирањето е компјутерско, а 15-те кодирачки пинови, кои се распоредени во три оски гарантираат уникатност и практичка неповторливост на секој код. Може да се вклучува во Мастер системи. Осигурена е со заштита против пробивање.