Брава 2006 еднострана греда гаражна
4.0 од 5 (Базирано на
9 оценки)
Примена
Како основна и дополнителна брава за влезни, дрвени, метални или PVC врати. Конструирана за работа во агресивни услови и висок ризик од криминал. Исклучително сигурна конструкција изградена од висококвалитетни галванизирани материјали, наменета да работи беспрекорно дури и по долг период на некористење. Соодветна за магацински простории, гаражи, викендици и изолирани (одвоени) простории.Цилиндерот е со запчаник кој овозможува непречено функционирање при заклучвање и отклучување.Кодирањето е компјутерско а 15-те кодирачки пинови кои се распоредени во три оски гарантираат уникатност и практичка неповторливост на секој код. Може да се вклучува во мастер системи. Осигурена е со заштита против пробивање.